Гостиварка со ангелски глас: Тамара Грујеска победи на фестивал во Србија – освои 2 трофеи

„Ви благодарам за максималната беспрекорна поддршка“ – напиша Тамара Грујеска до фотографијата на која гордо позира до двата трофеи со кои се враќа од Белград. Девојчето со ангелски глас бележи уште еден успех.

Минатогодишната претставничка на Македонија на јуниорскиот Евросонг, Тамара Грујеска (14), забележа уште еден успех.

Таа е апсолутен победник во својата категорија на фестивалот Angel Voice во Србија.

Во рамки на фестивалот, Тамара имаше моќна изведба на песните I Surrender од Селин Дион и I See Red од Everybody Loves An Outlaw, а тоа ѝ донесе награда Гран При Тин (Grand Prix Teen), но и награда за победник во категоријата Teen Voice.

За нејзиниот изглед се погрижи нашата дизајнерка Ива Спасовска, која за неа креираше два аутфити во розова и сина боја.

Младата Тамара од Белград во родниот Гостивар се враќа со два трофеи и две дипломи.

На социјалните мрежи, таа објави неколку фотографии од настапите, а во описот накратко се заблагодари за поддршката.

„Ви благодарам за максималната беспрекорна поддршка, многу ми значи“ – напиша таа до фотографиите. Инаку, Angel Voice е интернационален детски музички фестивал кој секоја година се одржува во Белград.


1218