Промоција на стихозбирката ‘‘Во сенка на вистината‘‘ од проф. д-р Душко Цацков

Денес на Факултетот за образовни науки – Педагошкиот факултет во Штип се одржа промоција на стихозбирката ‘‘Во сенка на вистината‘‘ од проф. д-р Душко Цацков. Збирката е издадена постхумно од страна на неговиот внук, проф. д-р Оливер Цацков. Збирката е пишувана во периодот на средношколските денови на авторот. Тој беше редовен и вонреден професор на Педагошката академија, подоцна Педагошки факултет во Штип и беше омилен професор на многу генерации студенти кои денес веќе имаат повеќегодишно искуство како наставници во одделенска настава.

Во збирката станува збор за младешката љубов, за градот Штип, за животот по Втората светска војна, педесеттите години од минатиот век.

Славица Танева Анева

Напомена; Фотографијата е од промоција на друго дело на авторот, пред неговата смрт


1210