Заврши третиот по ред адреналински фестивал „SAMOKOV XTREME “ и „ВЕЛО ЧЕ НИЗ ПОРЕЧЕ“

На 2 јуни, заврши третиот по ред адреналински фестивал „SAMOKOV XTREME “ и „ВЕЛО ЧЕ НИЗ ПОРЕЧЕ“ што го организираше Општина Македонски Брод во соработка со граѓанскиот сектор, односно со ФАК од Прилеп. На едно место се собраа вљубеници на адреналинот од повеќе краишта на републикава и надвор од неа. Настанот го посетија повеќе од 300 учесници, кои ги презентираа своите вештини во :

  • возење со мотокрос
  • возење со теренски возила
  • возење АТВ возила
  • планинарење

Учесниците го видоа прекрасниот предел на Поречието и го почувствуваа адреналинот.

Општина Македонски Брод упатува огромна благодарност до сите учесници на фестивалот, на службите кои овозможија да помине во најдобар ред и посакува годинешните бројки на учесници да се дуплираат во следната година.

Самоков Ве очекува и следната година за нови доживувања!


1062