Стефанија Милевска Враниќ го објави четвртото видео од „Девојчето со долгата коса“

Пристигна и четвртото видео од „Девојчето со долгата коса“, снимано на една од омилените локации во Преспа, која е од културно и историско значење, во изведба на Стефанија Милевска Враниќ. „Да раширам крилја“ е фениксот кој се издигнува од пепелта, музичко- танцова, аудио -визуелна и модна рефлексија, за спознатата слобода која ги става на пиедестал исконската љубов, вистината и среќата. Силата која ги шири крилјата е Божјата верба, која всушност носи до состојба на детска радост и безгрижност.

Аудио и Видео Продукција – Welcome to Stefanija’s Music World
Видео/ дрон – Владимир Бошковски
Видео монтажа / режија – Стефанија Милевска Враниќ
Музика/ текст – Стефанија Милевска Враниќ
Аранжман/ микс – Петар Димитровски, Стефанија
Гитара – Владимир Враниќ
Микс/ Мастеринг – Владимир Аговски
Локација:
Остров „Голем Град“, Преспа
Костими – моден дизајнер Анастасија Зулевска
(Anastasija Center )
Фризура – Габриела Чобановска
(Goran Coban Hair Salon /Chicago)

Видеото можете да го погледнете на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=nQDJmNGE_vI


1132