Голема забава во Скопје: Раста, Сања Вучиќ и ДНК под отворено небо со музички спектакл

Skopje Music Friday e музичкиот ивент кој со кој ексклузивно и спектакуларно ќе се отвори сезоната естрадни настани под отворено небо.

Во петок, на 7 јуни на стадионот на АРМ – Градски парк Скопје ќе гостуваат во иста вечер владетелот на стилот Раста и неповторливата Сања Вучиќ.

Како домашно изненадување на сцената ќе се појави и најдобриот македонски ар ен би бенд и дефинитивно кај сите млади омилените ДНК, со настап во живо пред присутната публика.

Затоа овој петок, на 7 јуни 2024 сите патишта вечерта ќе водат кон стадионот на АРМ во Градскиот парк во Скопје.

Стартот на концертниот трипл музички спектакл е закажан за 20:00 часот. Обезбедете го Вашето присуство навреме со влезници кои можете да ги набавите на:

www.vleznica.mk
www.karti.com.mk


1062