Почина поранешниот фудбалер на Арсенал, Кевин Кембел

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Кевин Кембел, почина на 54-годишна возраст по кратко боледување, објави денеска лондонскиот клуб на својата официјална веб-страница.

– Потресени сме од сознанието дека нашиот поранешен напаѓач Кевин Кембел почина по кратко боледување. Кевин беше сакан од сите во клубот. Нашите мисли се со неговите пријатели и семејството во овој тежок момент. Почивај во мир Кевин“, соопшти објави Арсенал.

Во својата 20-годишна фудбалска кариера Кембел настапуваше за Арсенал, Нотингем Форест и Евертон, постигнувајќи 148 голови на 542 натпревари.


1235

Задолжително

Verified by MonsterInsights