Шпанија убедлива против Хрватска, Јамал испиша историја

Шпанија со победа го почна настапот на Европското фудбалско првенство, откако вечерва во Берлин триумфираше убедливо над Хрватска со 3-0 (3-0) во натпревар од првото коло во Групата Б.

Шпанските фудбалери до победата дојдоа со голови во првото полувреме во кое ги искористија сите грешки во хрватската одбрана,

Капитенот Мората го отвори резултатот во 29 минута, а само три минути подоцна предноста ја удвои Руиз. Во последната минута од првото полувреме на 3-0 зголеми Карвахал.

Хрватска во 80 минута не успеа да реализира пенал преку Петковиќ.

Крилниот напаѓач на Барселона, Ламин Јамал, се најде во почетниот состав на Шпанија и со 16 години и 338 денови стана најмладиот фудбалер кој настапил на Европско првенство.

Воведното коло во групата Б ќе го комплетираат бранителот на титулата Италија и Албанија. Натпреварот во Дортмунд започнува во 21 часот.


1079