Еурофарм Пелистер и наредната сезона ќе игра во ЛШ

Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер и наредната сезона ќе биде дел од Лигата на шампионите. Европската ракометна федерација, попладнево објави дека Пелистер е една од седумте екипи кои добија специјална покана за настап во елитното натпреварување.

ЕХФ, претходно објави дека сигурни учесници во ЛШ се шампионот Барселона, односно Олборг, Пари Сен Жермен, Магдебург, Фуксе Берлин, Веспрем, Колштад, Висла Плоцк и Спортинг Лисабон.

Листата на учесници е комплетирата со Еурофрм Пелистер, Загреб, Нант, ПИК Сегед, Кјелце, Динамо Букурешт и Фредериција.

Сезоната 2024/2025 ќе биде последна која ќе се игра во овој, за многумина здодевен формат, две групи со по осум екипи.

Извлекувањето на групите е закажано за 27 јуни во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена.


1151