Иван Кукиќ го најави новиот албум зад кој стои „Croatia Records“

На официјалниот „YouTube“  канал на издавачката куќа „Croatia Records“ е објавена новата песна со видео спот на младиот музичар од Струмица Иван Кукиќ. „Друмови“ е дел од новиот албум на Кукиќ, кој ќе биде објавен од оваа издавачка куќа за хрватскиот естраден пазар.

„Друмови“ е втора песна во албумот на Кукиќ од вкупно десет. Музиката и аранжанот се на Иван Кукиќ и Стефан Илиќ, а текстот е на Стефан. Режијата на видео спотот е на Столе Ангелов, асистенти на камерата се Методи Велински и Дине Ристов. Видео миксот го направија Иван Кукиќ и Зоран Трендов, а како актерка во видеото се појавува Катерина Јовановиќ.

Иван изјави дека новите песни за првиот албум веќе се снимаат. Меѓу музичарите – гости на овој албум на Иван Кукиќ ќе бидат Влатко Стефановски и Јан Стефановски, Theodosil Spassov, Дадо Топиќ, Џамбо Агушев, Sakis Dovolis, група „Јупитер“.


1145