Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ ќе биде подобра од СДСМ и ДУИ

Граѓаните сметаат дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ ќе биде подобра од претходната власт предводена од СДСМ и ДУИ.

Ова го покажуваат резултатите од анкетата спроведена од ИПИС во период од 18 до 21 јуни.

Дека новата влада ќе биде подобра сметаат мнозинството од анкетираните, односно 55,8 проценти. За одговорот полоша, се изјасниле 11,1 проценти, додека 21,9 отсто сметаат дека новата влада ќе биде иста како претходната.

За новиот владин состав граѓаните имаат позитивно мислење. Резултатите покажуваат дека 33,2 проценти имаат позитивно мислење, а 20,8 отсто донекаде позитивно мислење.

Донекаде негативно мислење за владиниот состав имаат 8,9 проценти, а негативно се изјасниле 15,1 отсто од анкетираните граѓани.

Одговор немале 21,9 проценти од анкетираните лица.


1099