Мицкоски оствари средба со Амбасадорката на САД, Ангела Агелер

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, оствари средба со Амбасадорката на САД, Н.Е. Ангела Агелер.

На средбата беа разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на демократските процеси во земјата.

Претседателот Мицкоски ја истакна важноста на стратегиското партнерство помеѓу двете држави, потенцирајќи дека поддршката од американската страна е клучна за развојот и стабилноста на регионот.

Амбасадорката Агелер ја потврди посветеноста на САД за продолжување на одличната соработка соМакедонија и изрази подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период.

Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес.


1245

Задолжително

Verified by MonsterInsights