Ј.П.Паркинзи-Битола ги информира граѓаните дека во недела
Јавното претпријатие „Паркинзи“ ги информира граѓаните дека в недела (30.06.2024г.) поради посетата на голем број верници и црковни великодостојници од земјава и околните држави, во периодот од 06:00 до 14:00 часот, со цел зголемување на сообраќајниот проток, паркирањето ќе биде забрането во следните зони: Б1, Б2, А3, А4 и А9.
А зоните се „Булевар 1-ви Мај“ од „Црн Мост“ до Саат кулата од двете страни, околу Саат кулата и од поранешна Народна одбрана преку старата зграда на општината до фонтаната кај „Магнолија“.