ВОВЕДУВАЊЕ НА НОВА УЛОГА НА ЕСЈН И Е-ПАЗАР- ЛИЦЕ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ

На Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) и Е-пазар е воведена нова улога -лице за реализација на договор. Имено, со цел воспоставување на практична примена на процедурите за спроведување на набавките, при објавување на огласот е воведена опција да се одбере лице кое ќе биде задолжено да го следи извршувањето, односно реализацијата на договорот.

Локалниот администратор има можност да регистрира и активира вработен/и со улогата „Лице за реализација“.

Ова лице на ЕСЈН  ќе има можност САМО за пополнување на известување за реализиран договор и тоа само на онаа постапка за која е одбран во огласот, додека за постапките кои се спроведуваат преку е-пазар ќе му биде на располагање модулот за електронско следење и евидентирање на нарачките!
Тоа значи дека лицето нема да биде вклучено во претходниот процес, односно спроведувањето на самата јавна набавка.

Регистрирањето, активирањето и одбирањето на лица за реализација во постапките на ЕСЈН и Е-пазар е опционално, но сметаме дека е добра пракса и ќе го олесни процесот на јавни набавки и вклученост на лицата задолжени за спроведувањето на договорите.

Секторот за следење на системот за јавни набавки, управување со ЕСЈН и развој на електронски алатки во Бирото за јавни набавки ќе продолжи со континуирано подобрување и унапредување на системот.


1475

Задолжително

Verified by MonsterInsights