ЧЕСТВУВАЊЕ ПО ПОВОД 90 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ

Во организација на Македонското научно друштво од Битола, во соработка со Педагошкиот факултет, Универзитетот „Свети Климент Охридски“, Студентското собрание при УКЛО, АРТ ПОИНТ – ГУМНО, с. Слоештица и „Europe House“ од Битола, се одржа чествување на 90 години од раѓањето на Петре М.Андреевски, во неговото родно село и вечното почивалиште – с.Слоештица, Демир Хисар.

На гробот на Петре М. Андреевски, заедно со останатите организатори и учесници на чествувањето, свежо цвеќе положија и евроамбасадорот Дејвид Гир и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. Одбележувањето продолжи со културна манифестација на која беше изведен рецитал од страна на Димитар Атанасовски и Ева Нешкоска, како потсетување на најголемите и најубави мудрости од најзначајните дела, а свое обраќање покрај Амбасадорот Гир, имаа и иницијаторката на настанот д-р Силвана Нешковска и претседателката на МНД Битола, д-р Невена Груевска.

Присутните имаа можност да присуствуваат и на свеченото откривање на скулптура на уметникот Никола Пијанманов, а настанот беше заокружен со рецитал на „Песна за мојата песна“ од Петре М. Андреевски, во која динамично, се искажува големината на песната, како и нејзината возвишеност во животот на поетот.


1025