Игор Камбовски и Стевчо Јолакоски влегуваат во надзорниот на Стопанска банка Битола

гор Камбовски и Стевчо Јолакоски, и двајцата правници и доктори на науки, се именувани за членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола. Одлуката за нивниот избор е донесена на последната седница на акционерското Собрание.

Од Банката оваа информација ја споделија преку Македонска берза. Се наведува дека се избрани со мандат од четири години, во кој за учество и работа на седниците ќе добиваат месечен надомест од 50 илјади денари.

Одлуката ќе стапи во сила откако ќе биде добиена претходна согласност од гувернерот на Народната банка.


1418

Задолжително

Verified by MonsterInsights