НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА? Италијанскиот синџир супермаркети доаѓа во две земји на Балканот

Conad, еден од најголемите италијански синџири супермаркети, влегува на нови пазари на Балканот.

Филијалата на Conad во Албанија објави дека планира да го прошири синџирот на нови пазари и да влезе во Северна Македонија и Црна Гора.

Conad моментално работи со 40 модерни супермаркети опремени според највисоките меѓународни стандарди и бележи позитивен раст на бизнисот во последните години, пишува Retail Serbia.Конад Албанија е дел од групата Конад Адријатико.

Првите супермаркети Conad во Италија беа отворени во 1962 година. Покрај домашниот пазар, синџирот е присутен и во Албанија, Сан Марино, Кина, Малта и т.н. Косово.

Како што потсетува порталот, италијанскиот дисконтер Europsin планира да се прошири и на Балканот со влез на српскиот пазар.


1493

Задолжително

Verified by MonsterInsights