Почина таткото на Анета Љумаковска
Денес во попладневните часови, преку социјалните медиуми, популарната пејачка Анета Љумаковска се прости од својот татко кој ненадејно почина во Битола.
Пејачката на својата стори објава, стави слика каде е во друштво на својот татко и напишa: “Ужваше секогаш кога ти пеев. Јас ќе продолжам да пеам, а ти ќе ме гледаш и ќе ме слушаш од таму горе некаде кај ангелите. Секогаш беше моја гордост. Почивај во мир тато‘‘