УВИД ВО ИЗГРАДБАТА НА ПРОТИВПОЖАРНАТА ЗГРАДА ВО БИТОЛА
За време на денешната посета на Битола, премиерот Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот, Тони Коњановски, извршија увид на изградбата на новата противпожарна зграда во Битола, еден од капиталните проекти на оваа локална самоуправа. Премиерот Мицкоски, изрази посебна благодарност до сите пожарникари за нивната ангажираност и посветеност во борбата со пожарите со кои неодамна се соочи Битола.