ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја оставија државата на цедило, а сега се ситат и прават поени од пожарите
Во врска со соопштението на СДС каде што се повикува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да се ангажира на терен, сакаме да ја изразиме нашата загриженост и да посочиме на неколку клучни точки, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Прво, очигледно е дека СДС се претвора во партија која секогаш бара начин да ги политизира дури и најсериозните кризи со цел да се добие политички поени. Постои чудна корелација помеѓу интензитетот на пожарите и нивото на радост во редовите на СДС. Колку е полошо, толку врхушката на СДС е посреќна, што само ги открива нивните вистински намери и неписмена неодговорност.
Второ, соочени со оваа криза, ВМРО-ДПМНЕ ја изразува својата поддршка до сите пожарникари и сите други кои се во првите редови борејќи се со огнот. Нивната храброст и пожртвуваност се непроценливи и ние стоиме заедно со нив во овие тешки времиња. Дополнително, ги повикуваме сите граѓани и политички субјекти на единство и соработка во борбата против пожарите, наместо да користат трагедиите за политички напади.