СЕ УКИНУВА ПРОЛЕТНИОТ РАСПУСТ ЗА УЧЕНИЦИТЕ, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

Се укинува пролетниот распуст за основното и средното образование, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Министерството за образование и наука во јули испрати прашалник до наставниците, родителите и учениците да го дадат своето лично мислење за организирање на пролетен распуст во учебната 2024-2025, поради различните ставови во пролетниот рапуст во измината учебна година.

„Финалните одговори на родителите и повозрасните ученици покажаа дека не сакаат пролетен распуст и оваа година нема да има. Во одговорите наведуваа дека учениците губат од континуитет, дека помалите ученици нема кој да ги чува за време на тој распуст, дека едноставно тој распуст прави повеќе компликации одошто носи бенефити“, рече министерката, одговорајќи на новинарско прашање во Општина Гази Баба.

Учебната година ќе почне на 2 септември, а освен за матурантите, за сите други ученици ќе заврши на 10 јуни 2025,

Изминатиов мај, за првпат учениците имаа пролетен распуст од 29 април (понеделник) до 6 мај (недела). Но, тогаш учениците и родителите добија продолжен одмор. Пролетниот распуст за учениците и Велигденските празници, искомбинирани со 8 мај, денот кога се одржаа парламентарните и вториот круг од претседателските избори ги наполнија директните летови од Македонија до познатите туристички летувалишта во Турција.


1186

Задолжително

Verified by MonsterInsights