Што добиваат Србија и Романија од заедничкиот гасовод?

Со само 13 километри гасоводи на своја територија и 85 што ќе ги гради Романија, Србија ќе добие нов правец на снабдување и нов извор на гас. Најавениот гасовод ќе биде втор што Србија ќе го има со партнери од Европската Унија, по целосната зависност од рускиот гас повеќе од четвртин

Како што е најавено, гасоводот ќе го поврзе центарот во Мокрин во Србија со транспортниот гасовод БРУА во Романија. Министрите за енергетика на Србија и Романија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ и Себастијан Бурдужа, на 5 август потпишаа Меморандум за разбирање за изградба на интерконектор за гас.

– „Трансгаз“ може да обезбеди транзит на гас (до Србија) од Каспиското Море, течен гас од терминалите во Грција и Турција, како и гас што (Романија) ќе го експлоатира во Црното Море – изјави Јон Стериан, извршен директор на Трансгаз за Радио Слободна Европа.

Тој појаснува дека БРУА не е само транзитен гасовод, туку дел од романскиот национален транспортен систем за гас во кој се пумпа и гас од домашно, романско производство.

„Преку тој гасовод се извезува романски гас“, вели Стериан.

Драган Влаисављевиќ, експерт за енергија од Србија, укажува на важноста на новата гасна врска меѓу Србија и Романија.

„Еден од потенцијалните извори на гас кој ќе биде многу важен се новите гасни постројки во Црното Море, кои Романија ќе ги има на располагање во следната деценија“, изјави Влаисављевиќ за РСЕ.

Според Меморандумот потпишан во Кладово, пограничен град во Србија на границата со Романија, гасоводот ќе биде двонасочен, па гасот ќе може да се транспортира до двете земји. Проектираниот капацитет, како што соопшти Министерството за енергетика на Србија, ќе биде „најмалку 1,6 милиони кубни метри гас“, а делот од гасоводот на територијата на Србија треба да биде завршен до 2027 година.


1096

Задолжително

Verified by MonsterInsights