Денес во Битола, почна снимањето на документарниот филм за животот на познатиот битолски и македонски новинар, писател и спортски работник, Димче Миновски. Се снимаше во неговиот дом, а наредната недела ќе се снима на повеќе локации во градот. Филмот е во продукција на Македонско-турското здружение ‘‘Мустафа Кемал Ататурк‘‘ – Битола. Сценарист и режисер е новинарот Шенол Мемиш, а снимател и монтажер Дејан Младеновиќ. Премиерата е најавена за 24 Август во Кино ‘‘Манаки‘‘, во рамките на ‘‘БитФест 2024‘‘.

‘‘Во филмот Миновски раскажува за неговата младост, почетоците во Радио Битола, преносите од фудбалски и ракометни натпревари кои ги имало над 3000, за 30-те книги кои ги испечатил и неколкуте кои чекаат да го видат светлото на денот, документарните филмови кои ги работел за ТВ Орбис, а ни запеа и една од неговите авторски песни. Искрено се надевам дека присутните во салата ќе уживаат во мојот прв документарен филм. Огромна благодарност до Општина Битола, како и за другите помагатели на овој проект‘‘, изјави за ‘‘Пеланет‘‘ авторот на филмот, Шенол Мемиш.


2013

Задолжително

Verified by MonsterInsights