ЌЕ БИДЕ НА КОРМИЛОТО НА БАНКАТА УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ – Диомидис Николетопулос доби согласност за главен извршен директор на Стопанска банка Скопје

Диомидис Николетопулос ќе биде уште еден мандат на позицијата Генерален Извршен Директор и Претседател на Управен одбор на Стопанска банка АД – Скопје.

Банката за тоа ја извести јавноста преку ценовно чувствителчна информација на Берзата.

„Известуваме за следниве измени во органите на управување: Согласно Решение од 08 август 2024 година, Гувернерот на Народна Банка на Република Северна Македонија издаде согласност на повторното именување на г-дин Диомидис Николетопулос на позицијата Генерален Извршен Директор и Претседател на Управен одбор на Стопанска банка АД – Скопје“, се вели во објавата од Стопанска банка Скопје.


1238

Задолжително

Verified by MonsterInsights