Путин го потпиша законот за легализирање на “crypto-mining” во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин официјално потпиша закон со кој се легализира ископувањето криптовалути во Русија. Според извештајот на руската новинска агенција ТАСС, законот воведува неколку клучни концепти, вклучувајќи ископување дигитални валути, пулови (mining pools) и оператори за блокчејн инфраструктура. “Crypto-mining” активностите сега се признати од Русија како дел од прометот, а не како дел од издавањето на дигитални валута.

Новото законодавство прецизира дека само руски правни лица и индивидуални претприемачи регистрирани во владата ќе смеат да се занимаваат со ископување на криптовалути. Сепак, индивидуалните мајнери можат да учествуваат без регистрација, под услов нивната потрошувачка на енергија да остане во границите поставени од владата.

Дополнително, законот дозволува тргување со странски дигитални финансиски средства на руски блокчејн платформи. Сепак, Банката на Русија го задржува овластувањето да забрани пласирање на одредени средства доколку се сметаат за закана за финансиската стабилност на земјата.

Според ТАСС, за време на неодамнешниот владин состанок, претседателот Путин нагласил дека Русија треба „да го искористи моментот“ за воспоставувањето правна рамка и легислатива за дигиталните и криптовалутите. Тој го истакна потенцијалот на дигиталните валути кои значително можат да придонесат за економскиот развој на Русија, нагласувајќи ја потребата од соодветна регулатива и инфраструктура.


1270

Задолжително

Verified by MonsterInsights