Бугарија ќе прави нова пензиска реформа

Бугарските власти подготвуваат измени во пензиското обезбедување, кои имаат за цел да ја зголемат профитабилноста на управувањето со индивидуалните сметки на луѓето и да доведат до соодветен приход за замена во пензија. Ова го соопшти Комисијата за финансиска супервизија по повод завршената мисија на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), која го разгледа пензискиот модел во Бугарија.

Земјата е кандидат за членство во ОЕЦД и очекува да биде поканета во 2025 година. ОЕЦД се пофали со тристолбниот бугарски пензиски модел воведен пред 20 години, стабилните правила за работа на приватните пензиски друштва, како и нивниот надзор, но дадоа неколку препораки за подобрување на вториот столб на системот. Станува збор за задолжителното дополнително пензиско осигурување во универзалните фондови, каде што одат пет отсто од пензиските придонеси на сите работници родени по 1959 година. ОЕЦД препорачува универзалните фондови да воведат т.н модел со повеќе фондови за да им овозможи на корисниците да изберат различни стратегии за управување со нивните пари – конзервативни, избалансирани или ризични. Дополнително, тие препорачуваат диверзификација на финансиските инструменти во кои ќе може да се инвестираат парите од индивидуалните сметки на осигурениците, за да се постигне поголем принос.

Комисијата за финансиска супервизија соопшти дека заедно со Бугарската асоцијација на друштва за дополнително пензиско осигурување започнале дијалог и се подготвени да предложат измени во регулаторната рамка за дополнително пензиско осигурување. Приватните пензиски фондови со години инсистираат на полиберални правила за вложување на парите на осигурениците во вториот столб, што ќе им овозможи да остварат поголем принос.


1278

Задолжително

Verified by MonsterInsights