Еден од најдобрите кларинетисти во светот битолчанецот Горан Бојчевски со својот бенд оддржа фантастичен концерт во Офицрски дом во Битола

Битолчанецот Горан Бојчевски е магистер по кларинет и композитор, кој магистрираше на признатиот Моцартеуму во Салзбург, а музичките критичари го вбројуваат во еден од најдобрите кларинетисти во светот заедно со својот бенд Балкан Нуево, оддржаа фантастичен концерт во прекрасната сала на Офицерскиот дом во Битола.

Љубителите на класичната музика, синоќа имаа ретка можност да бидат дел од настапот на врвниот светски познат пијанист Матија Дедиќ, кој ја продолжува музичката традиција на неговото семејство, Арсен Дедиќ и Габи Новак.

Горан Бојчевски, заедно со Матија Дедиќ, како и контрабасистот Јака Крушич и тапанерот Грегор Хроват отсвираа познати нумери од Арсен Дедич, нови нумери на композиторот Горан Бојчевски како препеани македонски песни во стилот на класичната музија.


1404

Задолжително

Verified by MonsterInsights