ЈП Комуналец делеше бесплатно шишиња со вода за битолчани

ЈП „Комуналец“ делеше бесплатно шишиња со вода за битолчани.

Македонија деновиве доживува интензивен топлотен бран, а нашето претпријатие спроведе акција за делење бесплатни шишиња со вода како поддршка на жителите на градот.

Деновиве, директорот на ЈП Комуналец Битола, Горан Степановски лично ја водеше дистрибуцијата на вода на различни пунктови низ Битола.

“Оваа акција е мал гест кој лично го иницирав, сакајќи да покажеме грижа едни кон други. Не се паметат толку топлотни бранови во континуитет, ова е едно од најжешките лета во последната деценија. Како јавно претпријатие, во неколку наврати спроведовме акција за поддршка на нашите сограѓани за време на овие топлотни бранови.” – истакна Степановски.

Бидејќи според прогнозите жештините сѐ уште не покажуваат знаци дека ќе престанат, овој потег на Комуналец служи како потсетник за важноста да се остане хидриран а од друга страна на потребата како совесни битолчани да внимаваме еден на друг во вакви вонредни услови.


1304

Задолжително

Verified by MonsterInsights