Битолчанецот Александар Мурговски е избран за член на Надзорниот Одбор на ЕСМ
Маја Аначкова, Стевче Антовски, Александар Мурговски, Леко Ристовски, Иван Кукоски, Јетмир Идризи и Ерхан Рамадан се новоназначените членови на Надзорниот Одбор на ЕСМ. Александар Мурговски е единствениот битолчанец во новиот Надзорен Одбор. Во продолжение, ја објавуваме неговата биографија:
Александар Мурговски е роден на 20.05.1982 година во Битола. Основно образование заврши во ОУ Коле Канински, а средно образование во ДСЕМУ Ѓорѓи Наумов, познато како техничко училиште во Битола. Александар беше стипендист на Р. Македонија на универзитет во странство, како дефицитарен кадар, бидејки студираше специјалност, енергетска електроника, отсек кој го немаше во студиските програми на факултетите во Македонија и дипломира во 2004 како најдобар студент на генерацијата, а магистрира во 2006 со просек. По магистрирањето се врати во Македонија, со цел професинално да помогни со своето добиено знаење во развојот на енергетиката во Македонија Во 2006 година се вработи, како одговорен инжињер во трафостаницата ТС 400/110 KV, ТС Битола 2, Оператор на електро-преносниот систем при АД МЕПСО, а веќе во 2007 стана раководител на трафостаницата, за во 2008 да стане раководител на регионалниот центар Битола, при АД МЕПСО, во кој регионалн центар беа трафстаниците во југозападниот регион и тоа: ТС Битола1,ТС Битола 2, ТС Битола 3, ТС Битола 4, ТС Ресен, ТС Охрид 1, ТС Охрид 2, ТС Сопотница, ТС Кичево и постројката во РЕК Осломеј. Од 2024 е работоводител во регионален центар Битола. Работеше тимски во сите меѓународни и локални проекти кои ги реализираше АД МЕПСО од 2006 до 2017, како Изградба на 400 КV далекувод Битола – Лерин (Мелити), меѓународна интерконекција, 400 киловолтна врска помеѓу Македонија и Грција, долг 35.3 километри. -Изградба на 110 KV далекувод Битола 3-Битола 4, Овој далекувод е долг 12 километри, од кои 700 метри се подземен кабел што минува низ населбата нова Битола. – Првпат во својата преносна мрежа АД МЕПСО постави подземен кабел кој ги заменува далноводните столбови и проводните јажиња. Потребата се наметна поради тоа што трансформаторската станица се наоѓа во населба во Битола и целта беше да избегнеме да се поставуваат столбови и проводници во населено место. Со реализација на овој проект АД МЕПСО ги сведе на минимум ризиците од испади во овој регион и ја зголеми сигурноста во напојувањето со електрична енергија во битолскиот регион и ги подобри напонските прилики на преносната мрежа. -Модеринизација, реконструкција и ревитализација за трафостаницата Битола 2, ТС 400/110 KV, проект со кој ја зголемивме доверливоста и сигурноста во управувањето со ЕЕС,и ги сведовме на минимум ризиците за испади или дефекти. -Ревитализација на сите трафостаници во региналниот центар, пред се ја заменивме старата дотраена високонапонска опрема, со нова, и тоа прекинваучи, разделувачи, заземјувачи, мерни трансформатори. -Нов систем за далечински надзор и управување за сите трафостаници во регионалниот центар т.е. SCADA систем -Нова систем за релејна заштита во сите трафостаници во региналниот центар Битола и многу други проекти и редовни ремонти, ревизии, енергетски контроли и редовни прегледи на високо напонската опрема во сите трафостаници и далекуводи во РЦ Битола. Од 2008 до 2012 бев, Претседател на Управен Одбор на ЈП Комуналец Битола. Пред да се вработам во АД МЕПСО кратко работев и како демнстратор на мојот факултет и хонорарно работев во приватна осигурителна компанија. Член сум на здружнието на енергетичари на Македонија. Учесник сум на МАКО СИГРЕ 2007,2009,2011,2013,2015,2017,2019.
Учествуваше на многу стручни советувања, симпозиуми, конференции како за енергетика така и за електорника и компјутерски машини во Македонија и странство. Објавено имам 9 научно-стручни труда во странство во областа енергетска електроника, хидроцентрали и соларни електрани, оптоелектроника. Редовно обучува кадри кои ракуваат со високо напонската опрема на енергетскиот систем, во трафостаниците при АД МЕПСО. Има учествувано и на рботилници и сменари за безбедност и здравје при работа, Totally Integrated Automation и сајбер безбедност. Годишен семинар за електродистрибуција и автоматизација, Schneider Electric, 19÷21 Noemvri 2007, Ohrid, Makedonija; Семинар за едукација модул 2 ,,Загуби на моќност во заштитните јажиња на водовите 400 kV во Република Македонија” 2008 Битола,Македонија Работилница “Energy Efficiency for Sustainable Development” Technical University of Gabrovo, Faculty of Electrical Engineering and Electronics, Bulgaria Семинар за едукација модул 2 “Power System Platform for Steаdy State and Transient Calculation” организирано од TEMPUS SEECEN; 03÷15 Fevruary 2009, FEIT Sкопје, Maкедонија и многу други семинари, работилници од областа енергетика. WORKSHOP ON THE TOPIC: CLIMATE CHANGE AND RENEWABLE ENERGY SOURCES
Активно учествува во повеќе сегменти на подготовка на документи од национален аспект законска регулатива. Претставник и гласноговорник бев на НВО, огранок Битола ,,Глас за светлина” невладина орагизација која во 2005 протестираше против продажбата на ЕСМ дистрибуција.