“Тандем танцот“ на Маск и Трамп ги запали социјалните мрежи/ВИДЕО
На профилот на социјалната мрежа „Х“ која е задолжена за пренесување на објавите на Доналд Трамп кои ги објавува на други канали, се појави необично и интересно видео.
Бројот на прегледи постојано се зголемува, а видеото покажува како Доналд Трамп и Илон Маск танцуваат заедно на нумерата „Stayin’ Alive“.
Секако дека е дело на вештачка интелигенција, но мора да се признае дека ова видео изгледа малку реално, но во секој случај смешно и забавно.
Погледнете и проценете сами.