Соња Петреска е новата советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Битолскиот совет
Соња Петреска ќе биде новата советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Битола, откако оставка си поднесе досегашната советничка д-р Ненси Лозанче по назначувањето за прв човек на Битолската клиничка болница.
Петреска на листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ беше под реден број 19 на последните локални избори и нејзиниот мандат ќе биде констатиран на седница на 26 август, следната недела.
Петреска е вработена во Центарот за социјални работи во Битола.