Владата ќе одобри 250 милиони евра за општински проекти

Владата на седницата во вторник треба да ги одобри 250 милиони евра со што ќе почне процесот на повлекување на парите од страна на општините кои имаат подготвено проекти. Тој очекува Министерството за локална самоуправа наскоро да објави јавен повик на кој општините треба да аплицираат со проекти.

– Очекувам Министерството за локална самоуправа час поскоро да објави јавен повик и на тој начин општините да аплицираат со проекти и тие проекти потоа да бидат финансирани преку најпрвин овие 6 милијарди денари што се дел од ребалансот, а потоа и со нови 15 милијарди денари што ќе бидат предвидени во новиот буџет – најави премиерот Христијан Мицкоски.


1217

Задолжително

Verified by MonsterInsights