Криминалот бил ЕПСКИ: Премиерот најави повеќе истраги за криминал, покренати случаи

Во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека има повеќе истраги за криминал кој го карактеризираше како “епски”, a најави и дека ќе има покренати случаи и одговорност.

– “Криминалот бил епски врз основа на индициите кои ги имаме и кои ги добиваме од институциите кои влегуваат во трага за изминативе седум години. Навистина станува збор за нешто многу лошо,” рече тој.

Премиерот Мицкоски истакна дека за прв пат во историјата на државата имаме врховен судија фатен во криминал за примање на мито, претседател на Совет на јавни обвинители кој е соучесник во тоа криминално дело каде подоцна има признание и има завршница.

– „Неколку криминални групи кои се активни во Скопје на полето на изнуда, рекетирање, палење на објекти им сме во трага, знаеме за кои луѓе станува збор, тие се координирани од затворите со веќе осудени криминалци кои се осудени за извршени убиства и така натаму. Не треба да ова да правиме естрада, не е посебно ако државата го спроведува редот и законите и тоа ќе продолжи, затоа што ние немаме втора опција, ние не сме во договор со криминалците како што тоа го правеа некои минати влади. Ние сакаме да расчистиме со криминалците без разлика дали се на улиците, политиката или на некое трето место“, нагласи премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека мораме да расчистиме со криминалот за да имаме владеење на правната држава ако сакаме да одиме напред.


1185

Задолжително

Verified by MonsterInsights