Итно да се врати во функција порталот „Отворени финансии“ – бара платформата на граѓански организации за борба против корупцијата

Додека владеачката партија објавува податоци за трошења државни пари на финкционери од претходната власт, јавноста веќе два месеци не може да провери како новата Влада ги троши народните пари.

Порталот „Отворени финансии“ на Министерството за финансии не е ажуриран од јуни, токму периодот кога е избрана новата Влада. Случајно или не и зошто ги нема новите податоци, до затворањето на овие вести одговор на нашите прашања од Министерството за финансии нема. Да се овозможи непречен пристап, континуирано и навремено ажурирање на податоците, побараа денеска и од Платформата на граѓански организации за борба против корупција. Оттаму појаснуваат дека досегашната пракса е податоците да се ажурираат два пати месечно, но 17 јуни е последниот ден кога се внесени податоци.

– Остро го осудуваме оневозможениот пристап на јавноста до информациите од Трезорот и бараме итно да се врати во функција порталот „Отворени финансии“. Министерството за финансии да овозможи непречен пристап, континуирано и навремено ажурирање на податоците на порталот и нивна достапност во отворен формат, како што и беше досегашната практика. Воведување на порталот „Отворени финансии“ е една од најзначајните реформи со кои се унапредува проактивната транспарентност на државните институции. Ја потсетуваме Владата дека во предизборието беше ветено дека ќе се зголеми бројот на отворени податоци и нивно ажурирање. Со сегашната состојба на „Отворени финансии“,стравуваме дека процесот се движи во спротивна насока.

Порталот „Отворени финансии“ почна да функционира во ноември 2019 година, во време кога министерка за финансии беше Нина Ангеловска. Тогаш, од Владата убедуваа дека порталот е дизајниран да и овозможи на јавноста преглед на сите исплати од Трезорот.

Преку него се објавуваат и нови податоци и анализи дадени во Фискалната стратегија и Годишниот план за управување со јавниот долг, а во посебна апликација се објавува реализацијата на капиталните расходи по буџетски корисник. Оваа алатка им е од огромна помош и на граѓаните и на граѓанските организации кои следат корупција, но и на новинарите, кои лесно доаѓаат до информација, како се управува со народните пари и која државна институција кому и за каква намена му префрлила пари


1153

Задолжително

Verified by MonsterInsights