ГРЦИЈА ГО ЗАБРАНИ Центарот за македонски јазик во Лерин, одлуката ја донела Апелација
Апелацискиот суд во Кожани, Грција, ја поништил регистрацијата на Центарот за македонски јазик. Пресудата на 68 страници е изречена на 13 август. Претходно судот во Лерин (март 2023) ја потврди законитоста на регистрацијата на оваа невладина организација, пишува МКД, а објавија и грчките медиуми.
Ова тогаш се протолкува како признавање на македонскиот јазик од Грција и доследно почитување на одредбите од Преспанскиот договор. После 16 месеци дојде демантот од Кожани.
Основниот суд во Лерин во март 2023 година ги одбил сите тужби за укинување на овој центар, кој официјално беше регистриран на 27 јули 2022 година.
Тужбите за поништување на првичната одлука за одобрување на регистрацијата на Центарот за македонски јазик беа поднесени од неколку ултранационалистички грчки движења и мали партии.
Центарот кратко време (од март 2023 до август 2024) беше првата организација која директно се грижи за македонскиот јазик и беше регистрирана и призната од грчките државни органи.