Пеце Милевски: Лесно е да се каже дека некој нарачувал, но треба да се кажи и кој платил
Во целост го објавуваме одговорот на пратеникот Пеце Милевски до екс директорот на ЈКП ВОДОВОД Битола Горан Козаров, кој го објави на својот профил на ФБ :
После долго време во јавноста се појави Горан Козаров, екс директор на ЈКП ВОДОВОД Битола “кој направил нарачка ама не ја платил сметката”
Козаров не ја информира јавноста како за 400 000 евра се набавени “НОВИТЕ ПУМПИ” за кои времето покажа дека не ја задоволуваат целосната потреба за питка вода на градот во летните месеци.
Еднаш од говорницата на советот во општина Битола, а сега по втор пат ПОВИКУВАМ, надлежните органи во државата да ја проверат целата набавка, кој ја донел одлуката и дали постои некаков елаборат или проект за таа набавка во “ПУМПНАТА СТАНИЦА” на ЈКП Водовод, дали постои записник од колегиум, стручно мислење или НАБАВКАТА Е лична ОДЛУКА на тогашниот директор Козаров !
Иако ЈКП Водовод во тој момент има 4 функционални пумпи и 2 кои се во резерва, набавени се само 4 нови за кои во случај на дефект не постои резервна пумпа.
❗️Јавноста треба да знае дека “НОВИТЕ ПУМПИ” иако беше голема енергетска криза, ги исплати новото раководството.
❗️Исто така и 700 000 евра за НОВА УПРАВНА ЗГРАДА платена е во целост во перидот од 2022-2023 од новото раководство на ЈКП Водовод исто така во период на енергетска криза.
Почитувани граѓани, лесно е да се каже дека некој (правел порачки) набавувал, но треба да се кажи и кој платил.
На крај по битолски за нештата да станат појасни.
Киријата чинеше 1 милион денари годишно, а новата зградата чинеше 47 милиони денари.
Значи 47 години за да се исплати, а е исплатена на изведувачот за 1,5 година.