НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – ОСМИ СЕПТЕМВРИ

По повод денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември, пред споменикот на НОАВМ и Револуцијата пред Центарот за култура, во име на општина Битола и градоначалникот Тони Коњановски, свежо цвеќе положи Блага Талевска – раководител на сектор за финансиски прашања, претставници на Советот на општината, како и претставници на Сојузот на борци и политичките партии.

Денот на независноста, 8 -ми Септември е празник со кој се одбележува раѓањето и опстојувањето на независна, самостојна и суверена Република Македонија. Овој празик претставува остварување и континуитет на трудот, вложувањата и пожртвуваноста на многу генерации кои живееја со мислата за слободна и самостојна држава. Денешниот ден не потсетува на предизвиците кои сме ги надминале, но и ни дава сила и мудрост да продолжиме понатаму.


1263

Задолжително

Verified by MonsterInsights