ВО ПРОИЗВОДСТВОТО И ПРОДАЖБАТА НА ЦИГАРИ СЕ ВРАТАТ МИЛИОНИ, КОИ СЕ БИЗНИС-ЛИДЕРИТЕ ВО ОВАА ДЕЈНОСТ?

Одгледувањето тутун во Македонија има долга традиција, па затоа не е чудно што го нарекуваме жолто злато. Нашиот тутун е состојка во многу светски брендови на цигари, а некои од нив се произведуваат и кај нас. Во Македонија царува и трговијата со тутун. Според податоците коишто се однесуваат на дејноста со шифра 46.35, т.е. трговија на големо со производи од тутун, десетте бизнис-лидери во овој сектор лани оствариле заеднички приход од 402,6 милиони евра, вкупен профит од 15,2 милиони евра, а сето тоа е изведено со 1.016 вработени. На списокот се и фирми што тргуваат и со многу други производи, но повеќе од половина од приходот им доаѓа од продажба на цигари, па токму затоа тука е Пекабеско.

ЕКСПАНДА РАБОТИ СЀ И СЕШТО, АМА ЦИГАРИТЕ Ѝ СЕ „КОЊАК“

Со 8.037.643.203 денари (130,6 милиони евра) на самиот врв е Друштвото за производство, промет и услуги Експанда ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.

Експанда во 2014 година потпишала договор за заеднички вложувања со Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп, но покрај цигари, компанијата дистрибуира и производи на телекомуникациската А1, а има договор и со Ред бул, како и со Државната лотарија. Од 2022 година започна соработка и со Олеум, производител на маслиново масло.

На второ место е Пекабеско, каде што освен квалитетните сувомесни производи, успешно се води и работата со дистрибуција и продажба на цигари, што на Друштвото за трговија, производство, услуги, шпедиција, увоз-извоз му обезбедило 5.540.269.400 денари (90 милиони евра) на приходната страна.

Обично, асоцијација за цигари во Македонија е Филип Морис или Тутунскиот комбинат во Прилеп. Сепак, друштвото за производство и трговија со тутунски производи Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп е на третото место со минатогодишниот приход од 3.198.551.400 денари (52 милиони евра).


1358

Задолжително

Verified by MonsterInsights