Виновно е МОН според директорката што пак доцни платата за август во ОУ со ресурсен центар – „Кочо Рацин“ во Битола и што денес почна учебната година за учениците со посебни потреби
И овој месец како и претходниот континуирано неколку месеци наназад , доцни платата (за август) за вработените во Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух – „Кочо Рацин“ во Битола. И не само тоа туку дури денес започнала и учебната година за децата со посебни потреби, значи со 18 дена задоцнување, велат вработени и родители од установата .
Платата доцни исто како и претходините месеци што предизвикува дополнителна нервоза кај вработените кои не мажат да издржат финансиски.
Вработени велат дека – „По три изминати седмици, за дел од учениците во ОУРЦ ,,Кочо Рацин,, Битола, дури денес започна учебната година. На учениците нека им е среќен почетокот на учебната година, но нејаснотиите се зошто Ресурсниот центар наместо на 1ви септември, како и сите останати ученици, ја почнува учебната година на 18 ти септември.Дури денес е регулиран и превозот за учениците иако тоа е обврска на училиштето но небеше завршено.
Директорката на ОУРЦ „Кочо Рацин“, инаку кадар на претходната владеачка партија, должи објаснување на родителите на учениците за тоа зошто доцни почетокот на учебната година. Должи објаснување и за тоа зошто дел од учениците кои треба да се сместени во нивниот интернат, биле вратени назад во сопствените домови, наместо да биле сместени и да го користат интернатското сместување на училиштето. А, веќе голем е револтот кај вработените дека и овој месец доцни исплаќањето на плата.“, велат вработени од центарот. Директорката вината је префрлува на МОН и нивното бавно работење.
Основач на ОУРЦ „Кочо Рацин“- Битола е Министерството за образование и наука, а со центарот директорува Валентина Стојкоска.
Платата за јули, беше исплатена неколку дена пред крајот на август, директорката тогаш не упати книговодственото биро да објаснува зошто немаат земено плата, па книгодителите се правдаа дека доцнењето се должи на ребалансот на буџетот, но и на извесни корекции на платите. Сега ребалансот на буџетот помина, па останува отворено прашањето што е причината за доцнењето и на августовската плата. Според законот за основно образование најголема одговорност за работата на училиштето сносува директорот и училишниот одбор.
ОУ со ресурсен центар – „Кочо Рацин,,е единствена установа во земјава од ваков вид. Постои веќе 75 години како државно училиште, под Министерството за образование и наука.„Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ стариот назив е основан во 1948 година во село Петровец, Скопје, а во 1955 година е преселен во Битола. Заводот е основоположник на дефектолошката теорија и пракса во Република Македонија, а тука преку рехабилитација и образование, преку употреба и користење на најсовремена технологија и специјализирани методи и форми на работа се развиваат интелектуалните и другите способности на децата (учениците) со проблеми во развојот, со цел да бидат оспособени за полесен пристап во нивното секојдневие и во односите со општеството.
За жал во сегашно време заради неодговорното работење од страна на директорката Валентина Стојкоска оваа установа е доведена на работ на нејзиното постоење.