„Повеќе од деценија и пол, НЕМАМЕ ПОЧНАТО ПРЕГОВОРИ СО ЕУ ОТИ ИМА ВЕШТАЧКИ НАМЕТНАТИ ПРЕЧКИ кои ниедна земја ги немала“

Премиерот Христијан Мицкоски најавувајќи ја неговата посета на Брисел и преставувањето на т.н. француски предлог плус за уставни измени со одложено дејство, вели дека ќе ја пренесе и фрустрацијата на македонските граѓани и посочи дека сега има уште повеќе аргументи за тоа.

Не патувам таму за да го презентирам планот, туку на дневен ред е Планот за раст. Ќе имам работен ручек со старо-новата претседателка на ЕК, Фон Дер Лајен. Доколку стане збор за евроинтегративниот процес, јас сум тој што треба да ги брани и одбрани нашите македонски национални интереси. Сега имаме и повеќе аргументи. Сакаме фрустрацијата која ја чувствуваат македонски граѓани, да ја пренесеме таму – таа е голема и огромна. Повеќе од деценија и пол, не сме во можност да почнеме преговори со ЕУ оти има вештачки наметнати пречки кои ниту една земја ги немала, како што ги имаме ние, изјави рече премиерот.  


1261

Задолжително

Verified by MonsterInsights