‘‘Трчај бе со Алпско‘‘ по 6 пат во Битола
Годинава, по 6 ти пат, точно, како и беше најавено, во 8,30 часот, наспроти саат кулата на улицата покрај реката Драгор во Битола стартуваше првата трка на 5 километри од “Трчај бе со Алпско“, а потоа според временска планинара разлика старуваа натпреварувачите кои трчаа на 10 и 21 километри, а секако тука меѓу 1.800 тркачи најсерозни беа натпреварувачите на 21 километар.
На трите трки во Битола, “Трчај бе со Алпско“, зедоа учество околу 1.800 пријавени, од 25 земји, кои трчаа поединечно, во групи, или како дел од битолски компании кои заедно во оваа прилика правеа “team building activities“. Ќе ги споменеме болницата “Плодност“, “Кромберг и Шуберт“, “Таскфорс“, Горната Гимназија, “Битолањуз“, Медицинско,“Симпекс“, КУД “Илинден“, “Графопром“, Синдикат РЕК, Халк Банка, од Полицијата, УКЛО, “Боди М“, “Пелистерка“, “БиМилк“, “Карпатија“, “Гет Ван“…, или како рекоа организаторите ова е најголемиот “тим билдинг“ настан.
Стартот го означи дитекторот на “Трчај бе“, Никола Димитровски, кој претходно ги поздрави сите учесници и битолчани покрај целата патека.
-Имаме 1.800 учесници што за нас е голем успех. На сите кои се присутни утрово тука сакам да им посакам добра забава, на сите гости во Битола убав престој во напиорт град, а секако на сите натпреварувачи во трите категории со успех да ја истрчаат зададената патека, секако најдобрите да победат, а и да постигнат лични рекорди, рече Димитровски.
На трката во Битола, се натпреварува цела македонска атлетска елита на средни и долги патеки, но, сепак најбројни беа рекреативците и оние кои трчаат 5 околу 1.400, а ги имаше од сите возрасти и професии, спортисти, професори, бизнисмени, ученици – основни и средношколци, студенти, политичари, рекреативци…




