МАСОВНА КРАЖБА НА СТРУЈА СО ИНОВАТИВЕН УРЕД Познати бизнисмени под истрага, ЕВН поднесе кривични пријави

Познати кафулиња, пекарници, ресторани и други бизниси во Скопје и низ Македонија разоткриени во мрежа за кражба на струја. Имено, екипите на ЕВН открија обид за кражба на струја со уред кој го „замрзнува“ броилото и не ја евидентира потрошената струја.

Иако се работи за уред кој досега не бил евидентиран при манипулација и кражби на броила, системот за далечинско управување на ЕВН веднаш алармира кога ќе се појават одредени отстапувања во потрошувачката.

Отстапувањата во потрошувачката кај броилата кои не се исчитуваат далечински се утврдува на лице место при контрола. Инженерите на ЕВН објаснуваат дека уште од канцеларија знаат дали некој го манипулира броилото.


1188

Задолжително

Verified by MonsterInsights