Виктор Орбан пристигнa во Македонијa

Унгарскиот премиер Виктор Орбан слета во Охрид каде што го пречекаа премиерот Христијан Мицкоски и министрите од македонската влада.

Унгарија во моментов претседава со ЕУ, а Орбан во втората половина од годинава е и претседател на Советот на Европската Унија.

Премиерот Мицкоски утре ќе има тет-а-тет средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Орбан, како што информираат владини извори, е пристигнат со бројна делегација во чиј состав се и 10-тина министри.

Според агендата, утре по средбата на двајцата премиери, ќе се одржи меѓувладина седница по која Мицкоски и Орбан ќе одржат заедничка прес-конференција.

Како што информираат од Владата, на маргините на дводневната посета предвидена е прошетка во Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс „Свети Наум“, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј во Охрид.Орбан доаѓа во земјава по 10-тина години откако во 2013 година беше одликуван со Орден „8 Септември“ за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива соработка на Македонија и Унгарија.

Унгарија, како моментален претседавач на Европската Унија, би можела да игра клучна улога во поддршката на Македонија на патот кон членство во ЕУ. Македонската влада гледа во Унгарија потенцијален спонзор за нејзиниот евроинтеграциски процес, иако ваквата поддршка може да наиде на отпор кај некои други членки на ЕУ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата


1233

Задолжително

Verified by MonsterInsights