БИТОЛСКАТА ГИМНАЗИЈА ГО ОДБЕЛЕЖА ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ
26 септември е прогласен за Европски ден на јазиците од страна на Советот на Европа и Европската комисија во 2001 година, со цел истакнување на значењето на јазиците како фундаментален и нераскинлив дел од културното наследство на Европа.
Учењето на странски јазик е вистински умствен предизвик кој го збогатува човечкиот интелектуален профил. Со учењето на мајчиниот и странските јазици ние витешки се бориме против сите предрасуди и општествени стереотипи и отвораме можности за градење на подобар свет за сите нас.
Во Гимназијата, ги охрабруваме нашите ученици да го сакаат и негуваат мајчиниот јазик, но и да ги изучуваат странските јазици бидејќи покрај постигнувањето на високи резултати во учењето, важно е да имаат и широк светоглед.
Во духот на космополитизмот, традиционално, и оваа година, Европскиот ден на јазиците го одбележаа предметните професори од Активот по македонски јазик, Активот за странски и класични јазици, заедно со учениците од I до IV година.
На настанот присуствуваа заменик Градоначалникот Бојан Бојковски и претставници од Општина Битола – Викторија Христовска и Викторија Налевска.
Благодарност до директорката Лидија Споа, стручната служба и наставничкиот колектив за континуираната поддршката на настанот ![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
Дамијана Ристевска