Израелската војска започна копнени напади во јужен Либан
epa11634328 Israeli artillery shells hit areas near villages in southern Lebanon along the border with Israel, as seen from the Upper Galilee, northern Israel, 30 September 2024. Israel's military stated that it has been 'strengthening defense' along the contact line in the country's northern border as it was preparing for the 'next phases of combat'. The Israel Defense Forces (IDF) said they 'will continue to strike, harm, and degrade' Hezbollah's military in Lebanon. EPA-EFE/ATEF SAFADI
зраелската војска информираше дека започнала ограничени, локализирани и насочени копнени напади врз цели и инфраструктура на Хезболах во Јужен Либан, се вели во соопштението од ИДФ објавено на нивниот профил на Икс.
Во соопштението се додава дека нападот е во согласност со одлуката на политичкиот врв и оти се одвива врз основа на прецизни разузнавачки информации.
„Овие цели се наоѓаат во селата блиску до границата и претставуваат непосредна закана за израелските заедници во северен Израел“,се додава во соопштението.
зраелската војска соопшти и дека нејзините воздушни сили ги поддржуваат копнените сили со прецизни напади врз воени цели.
„Гардијан“ пренесувајќи фотографии од последните неколку часа пишува дека Израел утринава извршил напади и врз либанската престолнина, јужниот дел на земјата и наводно во Дамаск.
Според израелските медиуми, известувања за воздушен напад имало во дел од северен Израел, а „Тајмс од Израел“ објави дека се огласиле предупредувања за ракети во северниот град Метула, во близина на границата со Либан.
Засега нема извештаи за повредени лица или за материјална штета.
ИДФ соопшти дека три проектили биле откриени во северен Израел од кои два биле пресретнати од израелската противвоздушна одбрана, а третиот паднал на отворен простор.
Израелската војска не соопшти детали за тоа колку долго ќе трае операцијата, но се вели дека војниците се подготвувале со месеци.
„Операцијата ‘Северни стрели’ ќе продолжи според проценката на ситуацијата и паралелно со борбите во Газа и во другите делови. Израелската војска продолжува да дејствува за да ги постигне целите на војната и прави се што е потребно за да ги одбрани граѓаните на Израел и да ги врати граѓаните на северен Израел во нивните домови“,се додава во соопштението од ИДФ.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера на состанок на владата изјавил дека и покрај неодамнешните воени успеси, Израел сè уште се соочува со значителни предизвици.
Нетанјаху ги поздравил војниците на ИДФ и оценил дека тие се неверојатни во нападите врз непријателите на Израел и во подигањето на моралот на народот. Тој исто така изразил сочувство до ужалените семејства и на „драгите семејства на заложниците“.
Нетанјаху: Во војна сме за нашето постоење, денови на големи предизвици се пред нас.