Мурговски, Шиниковски и Костадиновски на првиот академски час на Техничкиот факултет во Битола
Членот на НО на АД ЕСМ, Александар Мурговски, директорот на ПЕ Рудници на РЕК Битола, Златко Шиниковски и помошник директорот на Секторот за правни, кадровски и општи работи во РЕК Битола, Иле Костадиновски присуствуваа на првиот академски час од новата академска година на Техничкиот факултет во Битола.
Оваа високо – образовна институција е наш партнер од изградбата на РЕК Битола и за цел овој период соработката е на исклучително високо ниво. Истата ќе продолжи и во иднина, на задоволство на двете страни.