Иван Куковски присуствуваше на отворањето на дваесеттата Меѓународна конференција на ЗЕМАК, „ЕНЕРГЕТИКА 2024“.
Иван Куковски, претседателот на Надзорниот одбор на АД ЕСМ, присуствуваше на отворањето на дваесеттата Меѓународна конференција на ЗЕМАК, „ЕНЕРГЕТИКА 2024“.
„Ние како енергетска компанија ја поддржуваме размената на идеи, искуства, бидејќи Конференцијата низ годините редовно наметнува интересни и актуелни теми од областа на енергетиката и е одличен настан за споделување и размена на искуства и планови на регионално и на глобално ниво“, рече Куковски во поздравниот говор на конференцијата.
Присуството на претставници од АД ЕСМ на овој значаен настан ја потврдува поддршката на компанијата кон иницијативите и трудот на инженерите и професионалците кои активно учествуваат во енергетскиот сектор.