тематскиот форум „Вклучена заедница за отпорност на корупција“

Во име на партнерските организации Фондација за интернет и општество Метаморфозис, Рурална Коалиција и Центар за социјални иновации Блинк 42-21, ни претставува особена чест да Ве поканиме да присуствувате на тематскиот форум „Вклучена заедница за отпорност на корупција“ што се организира во рамки на проектот „Дигитална трансформација на локално ниво – Вклучена заедница за отпорност на корупција“ финансиран од Цивика Мобилитас преку Швајцарската агенција за развој и соработка. 

Форумот ќе се одржи на 16 октомври (среда) 2024 година во 10:30 часот во Граѓански ресурсен центар (Бул. Климент Охридски бр. 21 1000 Скопје), а ќе биде обезбеден и пренос во живо преку Фејсбук страницата на Фондација Метаморфозис. Форумот ќе се одржи на македонски јазик, а агендата и повеќе информации се достапни на следниот линк: https://tinyurl.com/2phautes

На форумот ќе бидат претставени резултатите од Индексот на отвореност на локалната самоуправа за 2024 година и ќе се дискутираат добрите практики и предизвиците за потранспарентна локална самоуправа со цел зголемување на довербата на граѓаните и искоренување на корупцијата. Дополнително, ќе бидат дискутирани придобивките од дигитални технологии во зголемување на транспарентноста на локалната самоуправа и учеството на граѓаните во процесите на донесување на одлуки на локално ниво, преку дигиталната алатка мЗаедница.

Доколку сте заинтересирани за учество на форумот Ве молиме да се регистрирате на следниот линк: https://forms.gle/BFg9zi2ZGLhXByE86, најдоцна до 10-ти октомври 2024 година со напомена дали на форумот ќе присуствувате во живо или онлајн поради ограничениот број на учесници кои што може физички да присуствуваат во Граѓанскиот ресурсен центар.

За учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје ќе бидат подмирени патни трошоци во висина на повратен автобуски билет со задолжително доставување на оригиналната патна документација, и тоа автобуски или возен билет со фискална сметка или фискална сметка за гориво и патарини (доколку на тој патен правец има патарини). Приложената патна документација мора да биде со датум на самиот настан или максимум еден ден претходно. Патната документација со датум неколку дена пред/по настанот нема да биде признаена.

Лице за контакт: Лилјана Јоноски, Рурална Коалиција, тел. 078/303-735 и e-mail: liljana.jonoski@gmail.com


1099

Задолжително

Verified by MonsterInsights