АД ЕСМ учествуваше на престижната Меѓународна конференција „Енергетика 2024“
Со гордост објавуваме дека дел од колегите во АД ЕСМ успешно учествуваа на престижната Меѓународна конференција „Енергетика 2024“, организирана од ЗЕМАК. Нашите инженери и професионалци презентираа трудови на теми како енергетска ефикасност и паметни енергетски системи, обновливи извори на енергија и енергетска транзиција и декарбонизација.
Сите презентирани трудови беа рецензирани од Меѓународниот програмски одбор и категоризирани како информација, стручен труд или научен труд, а учесниците добија сертификати за нивната заложба и труд.
Учеството на нашите колеги уште еднаш ја потврдува посветеноста на АД ЕСМ кон постојаното унапредување на ефикасноста и ефективноста во работењето. Горди сме на нашиот стручен кадар кој посветено придонесува за иднината, прогресот на компанијата и енергетскиот сектор во државата. Честитки и искрена благодарност до сите учесници за нивниот значаен и вреден придонес!


