МЕПСО НИ 1 ДЕНАР НЕМА ДА СЕ ПОТРОШИ ЗА ЦВЕЌИЊА, А КАМОЛИ 15.000 ЕВРА!
НИ 1 ДЕНАР НЕМА ДА СЕ ПОТРОШИ ЗА ЦВЕЌИЊА, А КАМОЛИ 15.000 ЕВРА! Набавката, договорена од претходното раководство – нема да се спроведе!
„Јавната набавка за хортикултурно уредување, е постапка која ја распишала и ја спровело претходното раководство на АД МЕПСО и наша определба е да не се потроши ниту еден денар за овој целосно непотребен трошок“, реагира компанија, по објавата на ДУИ дека новиот директор Бурим Љатифи потрошил 15.000 евра за набавка на калемени рози.
Новиот менаџерски тим оценил дека набавката за хортикултурно уредување не е неопходна и за истата нема да се доставуваат нарачки.„До овој момент не постојат финансиски импликации по однос на оваа спогодба и уверуваме така ќе биде до истекот на спогодбата“, се вели во соопштението.
МЕПСО смета дека „ денешната прес конференција е само блед обид на ДУИ преку напади на кадрите на Села, компанијата да ја вовлече во партиски препукувања“.
„Инаку ова не е прв пример за непотребно трошење пари од страна на претходниот менаџерски тим ако се знае дека од буџетот на компанијата се трошеле пари за донации и спонзорства и таму каде што не било неопходно при што за оваа намена буџетот е пречекорен за околу 10 милиони денари“, се вели во реакцијата на МЕПСО.