Полицијата затекна малолетници под дејство на алкохол

Акциска контрола во Ресен, затекнати малолетници под дејство на алкохол

На 11/12.10.2024 во периодот од 22.00 часот до 02.00 часот во централното градско подрачје на Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен спроведоа акциска контрола во угостителски објекти за присуство на малолетници после 24.00 часот и точење и продавање на алкохол на малолетници. Контролата беше спроведена во три угостителски објекти и три казина, при што било констатирано точење алхохол на малолетници, а извршена е проверка на идентитет на 11 лица и преглед на пет лица. Притоа, во угостителски објект  на градскиот плоштад во Ресен беа затекнати двајца малолетници под дејство на алкохол. Малолетниците се предадени на родителите и по документирање на настанот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 11.10.2024 во 19.35 часот во ОВР Прилеп, О.С.(40) од Прилеп пријавил дека во неговиот дом бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 11.10.2024  околу 16.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Орде Чопела“ во Прилеп, мотоцикл „хонда” со прилепски регистарски ознаки, управуван од З.Ѓ.(25) од с.Долнени, прилепско, удрил во заден дел на патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки,  управувано од С.С.(40) од Скопје. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила  Б.Д.(33) од с.Чепигово, сопатничка на мотоциклот, а возачот на мотоциклот З.Ѓ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.


1229

Задолжително

Verified by MonsterInsights